Top Sport

Прва титула во кариерата за Нишиока

Јошихито Нишиока стана шестиот квалификант кој оваа сезона стигнува до титула, откако на Шенжен опен во Кина со 7:5/2:6/6:4 го совлада Французинот Пјер-Иг Ербер за прв трофеј во кариерата.

23-годишниот Јапонец ги издржа 12-те аса на Ербер за победа по 2 часа и 20 минути борба. Нишиока пред 18 месеци ги скина лигаментите на коленото на Мајами опен. Тој за победата добива 250 АТП поени и 130.885 долари.

Ербер исто така одеше на прв трофеј во кариерата откако загуби во единственото претходно финале во 2015 година. 27-годишниот Французин има 23 победи во 41 меч оваа сезона.

Scroll to Top