Првиот меч на јапонската тенисерка Наоми Осака на ОИ во Токио е поместен без никакво објаснување – од сабота за недела.
Осака во првото коло требаше да игра против Сајсај Џенг од Кина на централниот терен во сабота наутро, но организаторите мечот го преместија за недела, а не ја наведоа причината за ваквиот потег.
Една од причините би можело да биде тоа што Осака најверојатно ќе има своја улога на свечената церемонија при отворањето на Игрите, па малку време ќе и остане до првиот настап.
Осака на Игрите во Токио ќе настапи по пауза од 2 месеци откако по првото коло на Ролан Гарос се повлече од терените со образложение дека и е потребна пауза за заштита на нејзиното ментално здравје.