Top Sport

Првиот слалом од сезоната за Нојројтер

Германскиот ветеран Феликс Нојројтер триумфираше на првиот слалом од новата сезона во Светскиот куп, откако во Леви, Финска ги победи Норвежанецот Хенрик Кристоферсен и Швеѓанецот Матијас Харгин во интересна трка.

Изненадувачки лидер по првото возење во Лапонија беше Британецот Дејв Рајдинг, кој уште ја брка првата победа за себе и за Велика Британија, но тој не го заврши второто возење, препуштајќи му ја победата на Нојројтер.

За 33-годишниот Нојројтер ова е 13. слаломска победа во кариерата и доаѓа по просечната мината сезона, во која немаше победа и покрај шесте подиуми, најмногу поради доминантниот Марсел Хиршер.

Австриецот Хиршер пак, имаше храбар кам-бек на скиите иако пред само три недели го скрши скочниот зглоб, завршувајќи го првото возење на четвртото место со реални шанси за подиум, пред да направи грешка во второто и да заврши на 17. позиција.

По слаломскиот викенд во Финска, сезоната од Светскиот куп продолжува на крајот на месецот со трки во Лејк Луис, Канада и Бивер Крик, САД.

Scroll to Top