Швеѓанката Стина Нилсон и норвешкиот шампион од Светскиот куп, Јоханес Хесфлот Клаебо се победници на првите трки во новата сезона во крос-кантри скијање, победувајќи на спринтерските трки во Рука, Финска.
Клаебо направи голема предност на стартот, за да победи лесно со 1.35 секунди предност пред норвешкиот сонародник Пал Голберг, додека трет беше Швеѓанецот Кале Халфварсон со 2.68 секунди послабо време.
Нилсон пак, спринтот го доби за 0.24 секунди пред Американката Сејди Бјорнсен, додека Русинката Јулија Белорукова беше трета со 0.91 секунди послабо време.
Русија настапи со три скијачи и скијачки кои добија доживотна суспензија за настап на Олимпијадите по настаните во Сочи во 2014. ИОЦ не забранува тие да се натпреваруваат на други трки. Евгенија Шаповалова стигна до полуфиналето, додека кај мажите, Максим Вилегжанин и Евгениј Белов не ги поминаа квалификациите.