Top Sport

Прво гренд слем полу-финале за Ѓоковиќ уште од 2016 година

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полу-финалето на Вимблдон. Спрскиот тенисер славеше над Кеи Нишикори со 3:1 (6:3, 3:6, 6:2, 6:2), за нешто повеќе од два и пол часа игра. Ѓоковиќ ја забележа 14.победа во меѓусебните дуели со Нишикори и воедно се избори за своето прво полу-финале на гренд слем турнирите по пауза од речиси две години.

Ѓоковиќ против Нишикори уште еднаш ги потврди коментарите дека се враќа во својата препознатлива форма. Со исклучок на вториот сет, тој во целост ги контролираше случувањата на теренот.

Откако го доби првиот сет со 6:3, во кој тој направи два, а противникот еден брејк, во вториот Ѓоковиќ не реализира четири брејк топки, во првите два сервис гема на Јапонецот, а потоа Нишикори направи брејки и израмни на 1:1.

Третиот сет, односно петтиот гем, беше клучен за конечниот победник. На сервис на противникот, Нишикори не успеа да реализира три поврзани топки за бреј, Ѓоковиќ поведе со 3:2, а набргу освои уште три гема и го заклучи сетот со 6:2.

foto: epa

Последениот обид на Нишикори да ја врати неизвесноста се случи на стартот од четвртиот сет, кога му го одзеде сервисот на противникот, но веќе во наредниот гем Ѓоковиќ направи ри-брејк и потоа рутински го заврши мечот.

Противник на Ѓоковиќ во полу-финалето, в петок, ќе му биде победникот од пресметката помеѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.

Scroll to Top