Францускиот тенисер Лука Пуи во Мелбурн го игра најдобриот турнир во кариерата. Тој преку Милош Раониќ успеа да се пласира во полу-финалето на Австралија опен.
Пуи за три часа и шест минути победи во четири сета (7/6, 6/3, 6/7, 6/4). Негов противник во полу-финалето ќе биде Новак Ѓоковиќ или Кеи Нишикори.
Францускиот тенисер успеа да се справи со проектилите на Раониќ, Канаѓанецот реден во Подгорица имаше 25 ас сервиси, а првиот сет го доби иако противникот доби десет директни поени од сервис.
Клуч за победата на Пуи беше неговиот сервис. Францускиот тенисер во ниту еден момент не му дозволи на Раониќ да го нападне неговиот сервис. Во вториот сет лесно ја чуваше предноста од еден брејк која ја направи во четвртиот гем.
Раониќ во третиот сет успеа да спаси четири брејк топки, а потоа да го добие сетот во тај-брејк. Во четвртиот сет Пуи успеа да направи брејк во десеттиот гем, кога и го заклучи мечот.
Пуи е третиот тенисер што избори пласман во полу-финалето, вчера тоа го направија Стефанос Циципас и Рафаел Надал.
The moment of his tennis lifetime ??
Take a bow, @la_pouille! #AusOpen pic.twitter.com/mreC42vqNG
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 23, 2019