Top Sport

Публиката се враќа на Австралија опен

Организаторите на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, објавија дека од утре, на трибините во Мелбурн парк, повторно ќе им биде дозволен влез на навивачите.

Владата на сојузната држава Викторија, реши да ги олабави епидемиолошките мерки, кои беа воведени пред пет дена.

„Гледачите се враќаат на Австралија опен во наредните четири дена. Максимален број на навивачи кои ќе можат да бидат присутни на Род Лејвер арена е 7.477“, објави директорот на турнирот Крег Тили.

До моментот кога беше воведена забраната, на дневно ниво, во Мелбурн парк им беше дозволен влез на 25.000 навивачи.

Владата на Викторија, воведе забрана за навивачите, откако во Мелбурн беше регистриран британскиот сој на коронавирусот.

Scroll to Top