Top Sport

Пуј го крена трофејот во Монпелје

Лукас Пуј разочарувањето од елиминацијата во првото коло на Австралија опен го надополни со петта титула во кариерата, совладувајќи го својот француски сонародник Ришар Гаске со 7:6(5)/6:4 во Опен Суд де Франс во Монпелје.

Гаске имаше добар старт, но не успеа да направи брејк на сервис на Пуј, за да се игра во тај-брејк, кој помладиот Французин го доби со три мини-брејка. Во вториот сет, еден брејк беше доволен Пуј да ја освои првата титула во Монпелје и да го подобри скорот против Гаске на 4-1 – нема загубено од ветеранот од првиот меѓусебен дуел во Монпелје во 2013 година.

Пуј стигнува до титулата со малку среќа, откако во полуфиналето спаси две меч-топки пред Жо-Вилфрид Цонга да се повлече при 1:6/5:5 предност поради повреда. Гаске пак, за кого ова беше шесто финале на југот на Франција, не успеа по четврти пат да го освои трофејот по 2013, 2015 и 2016 година.

Scroll to Top