Top Sport

Пукано во српски ММА борец, лекарите се борат за неговиот живот

Српскиот ММА борец, Владимир Јовановиќ – Марадона (29), е во тешка состојба, откако во него пукал непознат напаѓач.

Крвавиот инцидент се случил, во Панчево, околу 7:30 часот, кога Јовановиќ излегувал од градинката каде го оставил своето дете.

Според српските медиуми непознат напаѓач испукал седум куршуми во Јовановиќ, кој набргу бил хоспитализиран, а лекарите пет часа се борат за неговиот живот.

Последниот меч Јовановиќ го имал на 7.април, овој месец требало да се натпреварува во Словачка.

Scroll to Top