Top Sport

Пукнатината на бутниот мускул го „елиминираше“ Дел Потро од Лондон

Хуан Мартин Дел Потро, аргентинскиот тенисер нема да биде дел од финалниот турнир во оваа година, во Лондон.

Аргентинецот не успеа да го доврши ниту Мастерс во Шангај кога го предаде мечот против Хрватот Чориќ поради повреда. Дел Потро заработи пукнатина на бутниот мускул на ногата, па по препорака на докторите, тој решил да го пропушти АТП турнирот во Лондон.

Аргентинскиот тенисер не се има појавено на овој турнир дури од 2013 година.

Scroll to Top