Ирскиот ММА борец, Џејмс Галагер доби брутален нокаут од Американецот Рики Бандехас на „Белатор 204“, но вели дека добил совет од својот ментор Конор Мекгрегор како да го надмине поразот.
Ова беше прв пораз на Галгер во ММА (7-1) и призна дека плачел по мечот и дека Мекгрегор направил многу за него.
„Ги анализираме грешките, а Конор ми посочи каде згрешив, бидејќи понекогаш е подобро да се гледа од страна. Тој ме познава добро, се гледаме речиси секој ден. Требаше да ја користам главата, бидејќи мечевите се добиваат со ум“, вели Галагер.