Кубрат Пулев ќе пропушти голема шанса да ја освои титулата во тешка категорија, откако мораше да се повлече од дуелот со британскиот шампион, Ентони Џошуа, но бугарската „кобра“ вели дека ќе дочека и нова шанса.
Пулев имаше повреда на мускулот на ногата и мораше да се повлече, препуштајќи му на францускиот боксер Карлос Такам шанса да го предизвика Џошуа на „Вембли“.
„Не се исплашив! Јас го сакам тој дуел и ќе направам сè да го добијам. Ќе има таков меч и ќе го победам Џошуа. Да беше за парите ќе одев таму и ќе добиев добар чек. Поважна е победата отколку парите“, вели Пулев.