Top Sport

Путин наредил да биде срушен авион со 110 патници

Рускиот претседател Владимир Путин признал дека во 2014 година наредил да биде соборен авионот на турската компанија „Пегасус“, во кој еден патник се заканувал дека ќе активира бомба и барал од пилотот да се упати кон рускиот град Сочи, каде требало да бидат отворени Зимските олимписки игри.

Путин, во двочасвниот документарен филм, појаснил дека на 7.февруари 2014 година добил известување од безбедносните служби дека авионот што летал од Харкив за Истанбул бил киднапиран и дека киднаперите побарале леталото да се упати кон Сочи.

Во авионот имало 110 луѓе, а Путин добил информација дека еден од нив се заканува со бомба. Му било кажано дека според процедурата авионот треба да биде срушен.

„Им кажав да постапат според планот“, истакнал рускиот претседател.

Неколку минути подоцна тој добил информација дека станува збор за лажна узбуна, односно дека патникот бил под дејство на алкохол. Наредбата била повлечена, а Путин се упатил на стадионот во Сочи каде присуствувал на отворањето на Зимските олимписки игри.

Од Кремљ потврдиле дека тврдењата изнесени во документарниот фил се веродостојни.

Scroll to Top