Рускиот претседател Владимир Путин го одобри планот од 600 милиони рубљи (нешто над 8 милион иевра), за изградба на ново училиште во Дагестан кое ќе го носи името на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов.
Ова го потврди таткото и тренер на Хабиб, Абдулманап Нурмагмедов во интервју за руските медиуми. До проектот дошло откако Хабиб побарал од Путин да го подобри образованието во Дагестан.
„По барањето на Хабиб, Владимир Путин потпиша декрет со кој ќе се одделат 600 милиони рубљи на Република Дагестан за да се отвори училиште кое ќе го носи неговото име. Се надевам дека парите добро ќе се искористат и ќе имаме шанса да го подобриме образованието во нашата земја“, изјави Абдулманап Нурмагомедов.
Хабиб се враќа во октагонот против Американецот Дастин Поаире на УФЦ 242 во Абу Даби на 7 септември.