Поранешниот чешки тенисер Радек Штепанек би можел да му се приклучи на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Неколку европски медиуми пренесоа дека Штепанек ќе биде во тимот на Ѓоковиќ за 2018 година покрај првиот тренер Андре Агаси.
Шпекулациите дека Штепанек ќе биде тренер на српскиот тенисер прв пат се појавија во јуни, кога Чехот замина во пензија, а медиумите ги обновија откако открија дека „пензионерот“ започнал да го следи Ѓоковиќ на Инстаграм.
Пред неколку недели, Ѓоковиќ истакна дека нов тренер ќе му биде „поранешен тенисер кој има одлична кариера, кој секогаш од него го извлекувал максимумот, кој не бил никогаш број 1, но секогаш бил доволно паметен, мудар и настојчив да дава 100 отсто од себе. Некој чии животни сваќања и вредности се поклопуваат со неговите“.
Штепанек во својата кариера освоил пет АТП титули, играл во четврт-финалето на Вимблдон, два финалиња на Мастерс турнирите, а најдобар пласман на АТП листата му бил осмото место во јули 2006 година. Тој со репрезентацијата на Чешка два пати го освојувал Дејвис купот.
Србинот пред неколку дена во Белград ги започна подготвките за новата сезона.