Top Sport

Радукану доби вајлд карта за Индијан Велс, влезе индиректно во Куќата на славните

Спортската опрема на шампионката, британската сензација Ема Радукану ќе биде изложена во Тениската куќа на славните, откако тинејџерката стана прва квалификантка која успеа да стане гренд слем шампионка.

Радукану ја победи Канаѓанката Лејла Фернандез овој месец за да стане првата Британка со гренд слем титула по 44 години, за да скокне од 128. на 22. место на ВТА листата. Нејзината опрема од „Најк“ сега ќе биде изложена во Тениската куќа на славните во Њупорт, Роуд Ајленд, САД.

Британката ќе се врати во акција на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс следниот месец, откако организаторите и доделија вајлд-карта за настап на елитниот турнир.

Scroll to Top