Top Sport

Радукану: Понекогаш жалам што освоив гренд слем

Британската тенисерка Ема Радукану вели дека понекогаш жали што победила на САД опен во 2021 година, но додава дека таа титула понекогаш и дава сила за да продолжи по сите малери кои ја погодија оттогаш.

Радукану го шокираше тенискиот свет во 2021 кога како 18-годишна тинејџерка стигна до титулата во Њујорк како квалификантка, но оттогаш се мачи со низа повреди, со операции на двата зглоба на раката и скочниот зглоб, а промени и повеќе тренери. Во интервју за „Тајмс“, таа призна дека се мачела ментално по големата победа.

„Тој момент, кога прославував на теренот во Њујорк би го сменила за секоја мака на светот. Тоа беше најдоброто нешто на свеетот. Но, оттогаш имав многу проблеми, еден по друг. Јас сум издржлива и не се предавам, но не беше лесно. Понекогаш посакувам да не го освоев САД опен, но тогаш ќе се потсетам на чувството и одам понатаму“, вели Радукану, која нема освоено ВТА титула по таа во Њујорк и падна на 128. место на ВТА листата.

Scroll to Top