Поранешниот шпански олимпиец Хозе Луис Гонзалес жестоко го критикуваше сонародникот Рафаел Надал. Тој смета дека Надал не треба толку да зборува за повредата на стапалото.
Гонзалес е трикратен учесник на Олимписките игри (1980, 1984, 1992), а беше и светски вицешампион во сала на 1.500 метри.
„Рафаел Надал не треба толку многу да зборува за неговите повреди. Не е во ред да се зборува толку многу за тоа во јавноста бидејќи може да се сфати како да се преправате дека сте жртва. Ако одлучите да одите се натпреварувате, тоа значи дека сте во позиција да го направите тоа“, рече 64-годишниот Гонзалес и додаде.
„Ако го прифатите предизвикот, тогаш сте го прифатиле и не треба да зборувате за физички проблеми. Има девојки во ритмичка гимнастика кои имаат повеќе физички проблеми од Надал, но не зборуваат толку за тоа“.
Надал, кој сезонава ги освои Австралија опен и Ролан Гарос, веќе тренира на трева, а во петок најави прес-конференција на која ќе ги соопшти плановите за Вимблдон.
Третиот Грен слем турнир во сезоната започнува на 27 јуни.