Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред почетокот на Мастерстот во Мадрид откри кои му се блиски пријатели на АТП тур, а меѓу нив немаше место за првиот светски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ.
Тој вели дека генерално е добар со сите, но постои круг во кој доминираат неговите сонародници.
„Порано некако сите живеевме заедно, кога сме на турнирите, ние Шпанците сме најблиски. Имам добри односи со сите Шпанци, посебно со Марк Лопез, Фелисијано Лопез, Пабло Андухар и Роберто Баутиста-Агут. Од странците во добри односи сум со Тим, исто така и со Федерер“ рече Надал.
Шпанскиот ас во Мадрид ќе се обиде да дојде до неговата шеста титула на овој турнир, последната ја освои во 2017 година.