Рафаел Надал заедно со својот вечен ривал Роџер Федерер ја поделија наградата за најдобар спортист во 2017 од страна на францускиот спортски весник „Л’Екип“, по што во ексклузивно интервју зборуваше за различните сезони кои ги имаа.
„Не беше за очекување дека јас и Роџер ќе играме за титулите во 2017 по повредите кои ги имавме. Тоа што не поставивте на еднакво ниво со наградата е нормално. Не е лесно да се анализира, бидејќи имавме различни сезони. Тоа што тој го направи можеби беше поимпресивно бидејќи е постар. Тоа е математички аргуент. Успеа да победи многу играјќи малку. Од друга страна јас играв многу на сите подлоги“, вели Надал.
Во декември поранешниот број 1, Марат Сафин изјави дека нешто не е во ред со тенисот во споредба со 2009, бидејќи најдобрите двајца се уште истите луѓе – Федерер и Надал.
„Можеби на 31 и 36 требаше да бидеме претекнати од помладите тенисери. Но, тоа не е проблем за тенисот. Мислам дека јас и Роџер направивме доста за популарноста на спортот, а новата генерација е тука пред нас“, вели Надал.