Рафаел Надал ќе се ожени со неговата љубов од детството, Мери Перело во мала изолирана црква на северот на Мајорка, објави шпанската телевизија „Телечинко“.
Според нивните извори, 32-годишниот Надал избрал локација за свадбата пред 500 бирани гости, а готвач ќе биде познатиот шпански шеф Кике Дакоста, а поради времето за меден месец, во Шпанија се зголемија шпекулациите дека Надал ќе го пропушти Вимблдон.
Ролан Гарос, турнирот на кој Надал победи рекордни 11 пати се одвива од 26 мај до 9 јуни и таму Надал сигурно ќе игра.
Рафа и Марија Франциска Перело се заедно неверојатни 14 години. Таа се откажа од својата работа во осигурителна компанија за да работи како директор на проекти на „Рафаел Надал фондацијата“ формирана пред 10 години. Двајцата го држат својот приватен живот подалеку од шпанските таблоиди.