Top Sport

Рафа не му даде шанса на Лајовиќ во Рим

Рафаел Надал се пласираше во четврт-финалето на Мастерсот во Рим, откако со 6:1/6:3 за час и половина игра го совлада Србинот Душан Лајовиќ.

Шпанскиот „крал на земјата“, го освои првиот сет експресно, и беше на чекор до 6:1/6:0 победа, пред српскиот ривал да сврзе три гема во низа. Сепак, на крајот Шпанецот со брејк го заврши мечот.

Следен за Надал е Аргентинецот Диего Шварцман, кој се врати од сет негатива за 3:6/6:2/6:4 победа над Хуберт Хуркач. Надал е актуелен шампион на турнирот кој е главна подготовка за Ролан Гарос и има дури девет титули на „Форо Италико“.

Scroll to Top