Top Sport

Рафа очекува кам-бек во Акапулко

Рафаел Надал вели дека е на добар пат да се врати на АТП турнејата на Мексико опен во Акапулко на крајот на месецот.

Светскиот број 1 се повлече од четврт-финалето на Австралија опен поради повреда на мускулот на левата нога, додека го играше петтиот сет против Марин Чилиќ, кој потоа загуби во финалето од Роџр Федерер.

Надал, кој беше во Мадрид на отварање на МАПФРЕ клиниката за тениска медицина во Мадрид.

„Засега календарот е ист како и секогаш и планирам да отпатувам за Мексико за Акапулко. Ќе играм и тоа ме прави среќен“, изјави Надал.

Федерер исто така треба да се врати на тенисот истата недела како Надал, но со настап на Дубаи шампионатот. Ако двајцата не играат, разликата на АТП листата ќе се намали ан 155 рејтинг-поени, но Надал посочи дека нема да брка поени пред пролетната сезона.

Scroll to Top