Скандалите околу сексуалната злоупотреба во американската гимнастика завршија со пресудата против докторот Лери Насар, кој остатокот од животот ќе го помине зад решетки.
Но, во САД, почна дискусијата околу тоа дали облеката на гимнастичарките, односно трикоата, треба да се забранат. 23-годишната двократна олимписка шампионка Али Рајсман, која беше една од гимнастичарките која беше сексуално злоупотребувана од Насар, вели дека се работи за глупост.
„Неодамна ме прашаа дали гимнастичарките треба да престанат да носат трикоа. Трикото не е проблем, проблемот се педофилите во спортот. Со тоа што се вели дека облеката е дел од проблемот, се обвинуваат жртвите, а не злосторниците“, вели Рајсман.
Над 160 жени, вклучувајќи ги олимписките шампионки Сајмон Бајлс, Геби Даглас и Мекајла Мароуни сведочеа против порнешниот доктор на гимнастичката репрезентација на САД, Насар, кој доби 175 години во затвор.
„Да бидеме јасни. Само бидејќи жената ќе се реши да оди на секси фото-сесија или носи секси облека, тоа не дава право да ја злоупотребуваат. Што е проблемот? Жените смеат да се чувствуваат секси и удобно во својата кожа. Нема да толерираме жртвите да бидат дополнително осудувани“, додава Рајсман.