На социјалната мрежа твитер се појави фотографија на Новак Ѓоковиќ со една девојка, на која јасно се гледа дека раката на српскиот тенисер е бандажирана.
Ѓоковиќ во понеделникот бил на прегледи во Прага, а самао два дена подоцна стигнал и до Швајцарија.
На фотографијата се гледа дека раката е на Ѓоковиќ бандажирана, но не може да се забележи дали е раката во гипс и доколку е така дали му е завиена целата рака.
Ѓоковиќ на Австралија опен се врати по пауза од шест месеци, но испадна во четвртфиналето поради проблеми со повредата на лактот на десната рака.
Се уште не е познато дали повторно ќе паузира и дали е потребна операција на лактот.
Looks like Novak is in Switzerland now. His hand doesn’t look good.
via: Oana Raluca pic.twitter.com/kdIYgZdKPm— Basia (@BasiaID) January 31, 2018