Top Sport

„Ракетата“ О’Саливен со блиц-победа во ГП финалето

На Рони О’Саливен не му беше потребно многу време да го совлада Динг Џунхуи со 10:3 за титула од Светското Гран при во Велс за негова четврта титула оваа сезона.

О’Саливен поведе со 6:3 во вечерната сесија, со брејкови од 71, 124, 105 и 120 во текот на попладнето, за во ре-стартот да добие уште два фрејма со 46 и 44. 42-годишниот О’Саливен сега има победи на Англискиот опен, Мастерсот во Шангај и УК шампионатот, а и пред мечот изјави дека е посигурен против Динг отколку против Марк Селби, кој загуби од Динг во полуфиналето, но сега го пофали Кинезот.

„Пресреќен сум што го освоив турнирот, и сакам да му честитам на Динг, кој имаше неверојатен турнир“, вели О’Саливен.

Scroll to Top