Top Sport

Расколот помеѓу Ѓоковиќ и АТП настанал поради распределбата на парите

Распределбата на парите е вистинската причина, поради која Новак Ѓоковиќ заедно со Вашек Писпишил, решил пред два месеци да формира нова Асоцијација на професионалните тенисер (ПТПА), открива швајцарскиот весник „Блик“.

Текстот на весникот е со наслов: „Земете им ги парите на сиромашните и дајте им ги на богатите“.

АТП, во новата година, имале намера, околу Роџер Федерер, да основаат совет на тенисери. Претседател на советот би бил Кевин Андресон од Јужна Африка. Целта на АТП, со формирањето на советот, била да воведе измени во делењето на паричните награди на големите турнири.

Тоа се забележува во документот кој се појави на социјалните мрежи. АТП сметале дека врвините тенисери би требало да заработуваат повеќе кога продинесуваат за нешто такво. Со ова не се согласувал Ѓоковиќ, кој побарал повеќе пари за послабо рангираните тенисери.

„Паричните награди предвидени за квалификациите и воведните рунди од големите турнири би требало да се намалат, а да се зголеми наградниот фонда за учеството во завршните рунди“, се наведува во документот.

Кога сезоната беше прекината поради коронавирусот, Ѓоковиќ покрена инцијатива да им се помогне на послабо рангираните тенисери. Според „Блик“, кога видел дека нема доволна поддршка, решил да формира нова Асоцијација.

Scroll to Top