Top Sport

Разговор и тренинг на Ѓоковиќ и Надал во Мелбурн (Видео)

Новак Ѓоковиќ по пауза од шест месеци повторно игра тенис. Во раните утрински часови, по средноевропско време, Србинот во егзибициски меч во Кујонг, убедливо го победи Доминик Тим 6:1, 6:4.

По печот со Австриецот, Србинот замина на другиот крај од Мелбурн и ги одмери силите со Лејтон Хјуит на турнирот „Тај брејк Тенс“. Австралиската легенда ја доби „револверашката“ пресметка со Ѓоковиќ 10:6.

Учеството на „Тај брејк Тенс“, Ѓоковиќ го искористи и за дружба со големиот ривал Рафаел Надал.

Шпанецот и Србинот за време на еден од останатите мечеви истовремено разговараа и тренираа.

Нивното присуство предизвика огромно внимание на сите присутни на „Маргарет Корт“ стадионот.

Scroll to Top