Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, синоќа одиграа епски меч во полу-финалето на Рола Гарос. По четири часа голема борба, победата ја однесе Ѓоковиќ. Светскиот број 1, со 3/6, 6/4, 7/6, 6/2 го детронизираше Надал на Ролан Гарос.
Неверојатниот тенис на овие двајца привлече големо внимание во светот на тенисот.
„Дали ние тенисерите го играме истиот спорт?“, се прашува Диего Шварцман, кој во четврт-финалето испадна од Надал.
„На земја, не може да се игра подобар тенис. Ова е совршенство“, напишал трикратниот гренд слем шампион, Енди Мареј.
„Уживање. Нереален напор и реализација на Ѓоковиќ. Денес беше подобар. Какво меч…“, е коментарот на Енди Родик.
„Еден од најдобрите мечеви што сум ги гледал. Секоја ќест за двајцата. Брилијантен тенис. Големи честитки за Новак, излезе од дупката 0:5 во првиот сет“, напишал еден од најпознатите тренери Дарен Кејхил.
„Феноменална партија на новак Ѓоковиќ. Ни покажа зошто е број 1. Каков меч на великаните на оваа игра“, рекол поранешниот тенисер, Грег Руседски.
„Потребен ми е туш по оовј меч“, напишала Хедер Вотсон.
„Застрашувачки е што гледавме во овие четири часа. Новак, Рафа, засекогаш шампиони!“, порачала Марија Шарапова.