Top Sport

Рекорден број заразени на ОИ – тројца спортисти мора да се откажат, 19 луѓе имаат корона

Организаторите на Олимписките игри во Токио ја загрижија јавноста откако на неколку дена пред почетокот на натпреварувањето изјавија дека можно е Олимпијадата сепак да не се одржи.

Причина за такво нешто е коронавирусот кој и понатаму прави сериозни проблеми на организаторите.

Во Олимпиското село до утринава беа регистрирани рекорден број луѓе позитивни на Ковид 19.

Дури 19 случаи на зараза се откриени, а од нив тројца се спортисти. Освен тројцата спортисти, десетмина се од организацијата на Игрите, а меѓу заразените има и медиумски работници.

Досега најмалку 8 спортисти мораа да се откажат од натпреварувањето иако стигнаа во Токио, а многумина се откажаа уште од порано.

Scroll to Top