Премиерот Зоран Заев организираше прием на Македонската репрезентација во традиционално карате по повод историските резултати постигнати на Светско првенство во Монтекатини, Италија.
Каратистите на ова СП освоија вкупно14 медали (9 златни, 1 сребрен и 4 бронзи).
Премиерот Заев им ги честиташе постигнатите резултати на македонските каратисти и им посака во иднина да продолжат да ја преставуваат Македонија во вакво светло.
Венцислав Недев и Дејан Недев во знак на благодарност на премиерот му доделија диплома за почесен мајсторски црн појас од 9 дан (највисок карате степен) како и карате кимоно и монографија по повод 50 години карате во Македонија.