Top Sport

Резенде ќе биде новиот селектор на Франција

Легендарниот бразилски тренер, Бернардо Резенде (61), е новиот селектор на одбојкарската репрезентација на Франција. Популарниот Бернардињо, со Бразил два пати бил олимписки шампион, во Атина 2004 и Рио де Жанеиро 2016 година.

Бернардо Резенде, функцијата ќе ја преземе по завршувањето на Олимписките игри во Токио, кои се на програмата ова лето. На Игрите во Токио, Франција ќе ја предводи актуелниот селектор, Лоран Тили.

Прв голем испит за Бернардо ќе биде Европското првенство кое на програмата е во септември. Најголемата цел за Бернардо и Французите ќе биде златото на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година.

Scroll to Top