Top Sport

Рибакина се откажа од парите за титулата на Вимблдон

Шампионката на Вимблдон, Eлена Рибакина, одлучи да ја донира паричната награда што и ја додели Тениската федерација на Казахстан во фондот за развој на тенисот.

Пред една недела, Рибакина ја освои титулата на Вимблдон за првпат во кариерата, откако во финалето јa совлада Онс Жабер со 3:6, 6:2, 6:2.

Таа е првата тенисерка од Казахстан која освоила грен-слем трофеј.

„Прво би сакала да им помогнам на младите тенисери, најголем дел од парите ќе одат за нив. И уште една важна работа за мене. Дел од парите ќе издвојам за прифатилиште за животни“, изјави Рибакина.

Scroll to Top