Марсело Риос, во ерата на Андре Агаси и Пит Сампрас, успеа да се искачи на првото место на АТП листата. Чилеанецот во 1998 година стана првиот тенисер од Јужна Америка кој стигнал до првото место. На првата позиција тој се задржал шест недели.
Риос во кариерата не успеал да освои грен-слем трофеј, а тениските фанови го паметат како лик со „голема уста“ кој секгаш го остава срцето на теренот.
Во неговиот карактер ништо не се сменило ниту 20 години подоцна.
„Агаси четири пати паѓаше на допинг-контролите, но него сите во АТП го обожуваа. Секогаш добиваше помилување. Доколку го суспендираа тенисот ќе станеше ср..е. Кога ќе погледнете ср..е како организација е самата АТП. Сите што работат таму ги спроведуваат сопствените интереси. Завршните Мастерси секогаш се играа на тврда подлога за да може да победува Сампрас. Никогаш не се играа на земја. Чесно ќе беше доколку секоја година ја менуваат подлогата, на тој начин тие фаворизираа одредени тенисери“, изјавил Риос во интервју за локалните медиуми.