Австралискиот ас, Нил Робертсон е шампион на Шкотска опен во Глазгов, откако во драматичното финале со 9:8 го совлада кинескиот ас Као Јупенг, враќајќи се од негатива од 4:8!
Поранешниот светски број 1, Робертсон, кој пред турнирот беше само на 20. место на рејтинг-листата, претходно го совлада Џон Хигинс во полуфиналето, и покажа неверојатни нерви освојувајќи пет фрејма во низа за своја прва ренкинг-титула од јуни 2016 година.
67-рангираниот Као, беше еден од 22 кинески играчи кои го стартуваа Шкотска опен, и иако останува без ранкинг-титула во кариерата, во вторникот стана првиот кинески сункер-играч кој остварил максимален брејк од 147. Тој го победи Џад Трамп во второто полуфинале.