Top Sport

Роденденот на Рони прославен со убедлива победа (видео)

Рони О’Саливен останува најголем фаворит за победа на УК шампионатот, вториот најважен снукер турнир на светот (по Светското првенство), откако со 6:1 го совлада Велшанецот Мајкл Вајт и тоа на денот на својот 42. роденден.

По елиминацијата на првите тројца носители, „Ракетата“ е апсолутен фаворит за шести трофеј од „Барбикан“ во Јорк, со што би се израмнил со легендарниот Стив Дејвис.

„Бев малку подобар од Вајт. Не бев фантастичен, но работите одеа лесно. Мајкл ќе биде добар играч“, вели О’Саливен.

Најпопуларниот снукер-играч на денешницата во четвртото коло ќе игра или со Бери Хокинг или со Тајланѓанецот Акани Сонгсермсавада.

Scroll to Top