Словенецот Примож Роглич победи на 19.етапа, на „Тур д’Франс“. Етапата долга 200 километри Роглич ја мина за 5:28.17 часа.
Етапата зад Роглич ја заврши лидерот во генералниот пласман Џерен Томас, додека третото место му припадна на Роман Барде.
Најголемите конкуренти на Томас за вкупна победа, Томас Домулан и Крис Фрум, оваа етапа ја завршија на шестото и осмото место.
По 19.етапа возачот на „Скај“, Томас е на чекор до најголемиот успех во кариерата. Тој има огормна предност пред Думолан од две минути и пет секунди, додека денешниот победник Риглеич е трет со задоцнување од две минути и 24 секунди.
Утре на трката околу Фрамција се вози претпоследната етапа, а нејзината должина изнесува 31 километар. Последната етапа на програмата е в недела.