Атлетичарката од Венецуела Јулимар Рохас го освои златниот медал во трискок на Светското првенство во сала.
Рохас доминираше во финалната серија, а златото го обезбеди со скокот од 14,63 метри во петтата серија. Скокот во Бирмнигме на Рохас е најдобриот резултат во светот оваа сезона.
Три натпреварувачки кои останаа зад Рохас ги забележаа најдобрите резултати во своите кариери.
Среброто го освои Кимберли Вилијамс од Јамајка (14,48 метри), а бронзата и припадна на Ана Пелетерио од Шпанија (14,40 метри).