Top Sport

Рој Џонс Јуниор: Ако боксуваш со Тајсон, знаеш дека може да те убие

Рој Џонс Јуниор вели дека е подготвен и да го загуби животот во мечот на двајца поранешни шампиони кои се враќаат по огромна пауза, пресметката Со Мајк Тајсон во Калифорнија.

51-годишниот Џонс Јуниор нема влезено во ринг две години, но тоа не е ништо со паузата на 54-годишниот Тајсон, кој ќе боксува првпат по пензионирањето во 2005 година. И покрај оваа пауза, Џонс Јуниор вели дека знае што може да очекува од „Челичниот“.

„Ако те удри Мајк Тајсон, може да ти се случат многу работи. Мајк Тајсон не е обичен тепач. Го сакам боксот, така што ако треба да умрам во рингот, ќе умрам како среќен човек. Има начини на кои повеќе би сакал да заминам, но ако се случи тоа, нема да жалам“, вели Џонс Јуниор.

Scroll to Top