Контроверзниот австралиски тенисер Ник Киријос, со својата последна изјава ги удри Французите онаму каде што најмногу ги боли. Киријос, во негативен контекст, зборувал за француската гордост Ролан Гарос.
Отвореното првенство на Франција, Ролан Гарос е еден од најголемите тениски настани во годината. Турнирот се одржува 125 години.
Киријос не е импресиониран од историјата која ја има овој турнир, рекол дека „Ролан Гарос е ѓубре од турнир, треба да биде избришан од календарот“.
Австралиецот последен пат на Ролан Гарос настапил во 2017 година. На овој гренд слем тој никогаш не стигнал подалеку од третото коло.