Top Sport

Ролан Гарос и Вимблдон по стапките на Австралија опен?

Вимблдон и Ролан Гарос ќе го следат примерот на Австралија опен, кога станува збор за задолжителната вакцинација на учесниците.

„Можно е Ролан Гарос и Вимблдон да се решат да го следат овој тренд, да ги условат учесниците со вакцинација“, објави „Форбс“.

Ваквите одлуки најмногу ќе го погодат Новак Ѓоковиќ и неговиот поход кон рекордниот гренд слем.

Ѓоковиќ не открива дали е вакциниран, коментирајќи ја одлуката на Австралија опен, тој изјавил дека не му се допаѓа што директорот на турнирот ги условува учесниците.

Пред неколку дена таткото на Ѓоковиќ, рекол дека доколку тој се прашува тогаш Новак не би требало да игра во Мелбурн.

Scroll to Top