Top Sport

Рубљев го изненади Циципас и го освои турнирот во Хамбург

Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои АТП Мастерс 500 турнирот во германски Хамбург. Тој во финалето со 2-1 (6:4, 3:6, 7:5) по 140 минути игра го совлада Гркот Стефанос Циципас.

Ова за Рубљев е петта титула во кариерата, трета сезонава. Пред Хамбург, славеше и на турнирите во Умаг, Москва, Доха и Аделаида.

Денешниот дуал донесе одличен тенис, со многу добри потези.

Во првиот дел Русинот играше практично без грешка.

Грчкиот тенисер беше доминантен во вториот сет.

Вистинска војна се одвибаше во решавачкиот сет, а во него поконцентриран беше рускиот тенисер за титула.

Двајцата играчи ги очекува Ролан Гарос. Рубљев на стартот ќе игра со Сем Квери, а Циципас за прптивник го има Хаиме Мунар.

Scroll to Top