Top Sport

Руд и Руне станаа непријатели на Ролан Гарос

По четвртфиналето на Ролан Гарос меѓу Каспер Руд и Холгер Руне се случи драма – на теренот, но и во соблекувалната. Норвежанецот Руд го елиминираше данскиот тинејџер Рун со 3:11 во сетови и закажа полуфинале со Марин Чилиќ.

По последниот поен беше забележана прилично непријатна ситуација кога Руне за малку ќе го одбегнеше противникот на мрежата.

Сепак, целата приказна доби нов димензија по интервјуто за данскиот „Екстра Бладет“.

„Кога стигнавме во соблекувалната, неговиот тим дојде да ме поздрави и да ми честита за борбата, беа љубезни, но потоа, Каспер почна дојде и почна ми вика во лице“, рече Руне и продолжи.

Му реков: „Што по ѓаволите правиш?“ На теренот можеш да викаш и да дивееш колку што сакаш, но мене да ми се внесуваш вака и да ми викаш е безобразно. Тој не се однесуваше спортски во текот на целиот ме, поради тоа не го прегрнав ине разговарав со него на крајот од мечот“, рекол Руне.

Руд на конференцијата по мечот зборуваше и за противникот, поточно за тоа како се однесувал.

„Тој се пожали на трагата на топката која беше најмалку десет сантиметри во аут. Го прашав дали секоја трага мора да ја провери, а тој ми кажа да молчам. Му кажав дека така не се разговара со противник, а тој само ми го повтори истото. Тоа е се што се случи, не разговаравме после тоа. Ако сака да се однесува така, тоа е негова работа“, изјави осмиот играч во светот за неговиот 19-годишен ривал.

Полуфиналето на Ролан Гарос меѓу Руд и Чилиќ е на програмата во петок кога играат Надал и Зверев.

Scroll to Top