Top Sport

Руиз Јуниор се враќа против Ареола

Поранешниот ВБА, ВБО и ИБФ шампион во тешка категорија, Мексиканецот Енди Руиз Јуниор ќе се врати во рингот на крајот на годината против Крис Ареола во својот прв меч откако ги загуби титулите во реваншот со Ентони Џошуа во декември 2019 година.

30-годишниот Руиз Јуниор го отпушти својот тренер Мани Робелес и го ангажираше Еди Рејносо по поразот од Џошуа, и според последните фотографии успеа да скрати и од вишокот килограми. Тој има 33-2 скор во кариерата.

39-годишниот ветеран Ареола последен пат боксуваше против Полјакот Адам Ковњацки, губејќи на поени во август 2019 година.

Scroll to Top