На генералното Собрание на Дијамантската лига, кое пред почетокот на Светското првенство во сала, се одржа во Белград, донесена е одлуката на атлетичарите од Русија и Белурусија да им биде забранет настапот на престижните митинзи.
Исто така спортистите од овое две земји добија забрана за настап на Светското првенство во сала, кое денес започна во Белград.
Претходно, Светската атлетска федерација, на спортистите, официјалните лица и помошниот персонал, во догледна иднина им забрани настап на натпреварите. Интернационалниот олимписки комитет, препорача сите настани кои беа планирани да се одржатво Русија, да бидат откажани или да се преместат на друга локација