Откако Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), ги исфрли спортистите од Русија и Белорусија од Параолимписките игри во Пекинг, Русија реши да организира натпревари за овие спортисти во Сочи.
„Натпреварите ќе бидат организирани на олимписките борилишта во Сочи“, објави руската агенција ТАСС.
ИОк им го забрани настапот на параолимпијците од Русија и Белорусија поради руската инвазија врз Украина. ИОК најпрвин донесе одлука спортистите од овие две земји да се натпреваруваат без државните обележја, но по 24 часа ИОК ја смени одлуката и им ги исфрли Русите и Белорусите од Параолимписките игри.