Top Sport

Русите не сакаат да ги пуштат КХЛ играчите на Олимпијада

Руската континентална лига (КХЛ), втората најсилна хокеарска лига на светот (по НХЛ) се закани дека нема да ги пушти своите играчи на Олимпијадата во Пјеонгчанг доколку на Русија и се забрани настап на Олимпијадата.

Претседателот на КХЛ, Дмитриј Чернишенко претходно најави дека КХЛ ќе паузира за Олимпијадата за руските хокеари и многуте странци кои играат во лигата да можат да настапат на Олимпијадата, откако Интернационалната хокеарска асоцијација (ИИХФ) не успеа да се договори со НХЛ за учество на НХЛ ѕвездите.

Меѓутоа, по најавите дека на Русија нема да ѝ се дозволи да го користи националното знаме и химна на Олимпијадата, КХЛ го смени ставот. Претседателот на ИИХФ, Рене Фасел вели дека тоа не е можно.

„КХЛ е член на Руската хокеарска федерација, и мора да ги почитува статутите на ИИХФ за да ги пушти странските играчи кои играат за време на Олимпијадата. Се надеваме дека рускиот тим ќе биде во Пјеонгчанг, бидејќи во хокејот немаме проблеми со допингот и немаме никакви сомнежи. Нема потреба да се суспендира рускиот хокеарски тим, во машка и женска конкуренција“, изјави Фасел во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

Scroll to Top