Хокерската репрезентација на Русија, која во Пјонгчанг се натпреварува под името Олимпијци од Русија, ќе игра во финалето на Зимските олимписки игри, откако во првото полуфинале ја победи Чешка со резултат 3:0.
Русите пласманот во финалето го обезбедија со головите во втората и третата третина. Во првата третина, во која Русите имаа нешто повеќе удари кон противничкиот гол, заврши без голови.
Чешкиот голман прв го совлада Никита Гусев во 28.минута, со својот втор гол на турнирот. Веднаш по голот на Гусев, русите постигнаа уште еден гол и тоа преку Владислав Гаврилов.
Во вториот период блескаше на голот на Русија Васил Кошечкин кој одбрани 15 удари на противничките хокеари.
Конечниот резултат го постави Иља Ковалчук на 21 секунда до крајот на мечот, во ситуација кога Чесите играа без голман. Ковалчук го постигна својот петти гол на Игрите и на челната позиција се израмни со американецот Рајан Донато.
Русите во финалето ќе играат против победникот од натрпеварот помеѓу Канада и Германија.