Top Sport

Руската атлетика останува суспендирана

Русија уште не ги исполни клучните барања за враќање на атлетската федерација во членство во Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), што значи дека суспензијата поставена во 2015 година останува на сила.

Советот на ИААФ едногласно ја продолжи суспензијата, која доаѓа и покрај демантирањето на руските власти дека таа е потребна, и не е даден рок во кој таа треба да се „симне“. Ова значи дека руските атлетичари нема да можат да настапуваат под своето знаме на Светското првенство во сала во Бирмингем во март, освен доколку ИААФ не донесе вонредна одлука.

На спортистите кои има направено „ревизија“ на допинг-тестирањето последните месеци ќе им биде дозволен настап под неутрално знаме како на СП во Лондон во август.

ИААФ вели дека главната причина е што Русија уште нема официјална анти-допинг агенција која го почитува кодот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

„Прашањето е дали руската атлетика може да функционира во систем во кој можеме да веруваме. Наша одговорност е да го постигнеме тоа“, вели претседателот на ИААФ, Себастијан Коу.

Одлуката доаѓа пред расправањето на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за можна суспензија на рускиот тим за Зимската олимпијада во Пјеонгчанг во февруари. Состанокот на извршниот одбор на ИОЦ се одржува од 5 до 6 декември во Лозана.

Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата

Scroll to Top