Рускиот боксер Максим Дадашев починал во САД од повредите на мозокот со кои се здобил во мечот против Порториканецот Субриел Матијас. Борбата која ја добил Матијас е одржана минатата сабота.
Дадашев (28), поради сериозноста на повредите, по мечот веднаш бил хоспитализиран, но не успеал да преживее.
„Пред неколку часа разговаравме со лекарите. Ситуацијата беше тешка, но тој беше жив. Ова е тажно, останав без зборови. Ќе истражиме како и зошто се случи ова, ќе истражиме како се издадени лекарските потврди. Мораме да дознаеме што навистина се случило. Вакви случаеви се ретки, но треба темелно да се истражат. Најважно е сега да му помогнеме на неговото семејство“, рекол генералниот секретар на Руската боксерска федерација, Имар Кремлев.
До кобната борба, Дадашев имал 13 победи (11 со нокаут) и еден пораз.